Сѐ уште гори кај Јасен, Струга и Могила
Три пожари се сѐ уште активни низ цела Македонија. Мешана шума гори гори кај „Јасен“ во Македонски Броди, ниска вегетација кај Струга и ниска вегетација во атарот на село Могила.
Како што соопшти Центарот за управување со кризи, под контрола е ставен пожарот кај селото Радуша кадешто гори ниска вегетација. Во текот на денот изгаснати се пожари кај Кичево, Македонски Брод и Крива Паланка.
13.08.2025 - 13:09
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа