Тлото во Тибет не мирува: Округот Тингри го погодија два земјотреси со јачина од 4,9 и 5,0 степени

 


Два земјотреси со јачина од 4,9 и 5,0 степени според Рихтеровата скала денеска го погодија округот Тингри во Тибет, соопшти Кинескиот центар за земјотресни мрежи.

Во моментов нема информации за евентуални жртви или материјална штета, пренесе Ројтерс.

Тибет минатата недела беше погоден од земјотрес со јачина од 6,8 степени според Рихтер, при што загинаа 126 лица, а 337 беа повредени.

13.01.2025 - 15:08

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега