Струмичанец украл куче, при обид да побегне со автомобил го удрил сопственикот

 


Приведен 57-годишниот С.В. од село Дабиле, кој се сомничи дека вчера околу 19 часот одзел куче од 64-годишниот И.М. од село Николиќ, Општина Дојран. При бегството, тој го удрил оштетениот со возилото.

Струмичанецот беше фатен еден час подоцна на „Дојранска крстосница“, каде било пронајдено одземеното куче, кое му било вратено на сопственикот.

Јавниот обвинител од ОЈО Гевгелија е информиран за настанот, а по документирање на случајот, полицијата ќе поднесе пријава против С.В.

13.01.2025 - 15:27

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега