ВОЗЕЛ СО 224 КМ/Ч: Казнет турскиот министер за транспорт (ВИДЕО)

 

Турскиот министер за транспорт Абдулкадир Уралоглу е казнет за пречекорување на брзината откако на социјалните мрежи објави видео на кое вози со 224 км/ч на автопат, објави турскиот информативен сајт Т24.

Уралоглу го споделил видеото за да го промовира автопатот Анкара-Нигде, но на снимката се гледа дека возел со значително поголема брзина од дозволените 140 км/ч.

Објавата предизвика бурни реакции на социјалните мрежи, при што корисници го критикуваа министерот за непочитување на сообраќајните правила.„Зошто не ги почитувате ограничувањата на брзината, господине министер?“, праша еден корисник, додека друг коментира: „Ова е земја каде министерот не ги почитува ограничувањата, а граѓаните се казнуваат без проблем“.

По реакциите, Уралоглу потврди дека бил регистриран од радар и казнет за пречекорување на брзината.
-Седнав зад воланот за да го проверам автопатот Анкара-Нигде и за кратко, несвесно, ја пречекорив брзината. Почитувањето на ограничувањата е обврска за сите, напиша тој, додавајќи дека во иднина ќе биде повнимателен.

25.08.2025 - 19:34

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега