Драма во неготинско: Маж со моторна пила нападнал брат и неговото семејство

 


Жител на неготинско село бил лишен од слобода, откако било пријавено дека им се заканувал на брат му и неговото семејство и ги нападнал со моторна пила.

Од Секторот за внатрешни работи – Велес денеска информираа дека вчера во 18:40 часот, полициски службеници од ОВР – Неготино го лишиле од слобода Н.А., на возраст од 49 години.


 

– Постапувајќи по претходна пријава, дека во дворот од семејниот дом на неговиот брат во истото село, му се заканувал нему и на неговото семејство, а се обидел и да ги нападне со моторна пила, но, го спречиле и му ја одзеле пилата. Според пријавеното, Н.А. во еден момент паднал и се повредил, по што бил пренесен во Општа болница – Кавадарци, каде му биле констатирани телесни повреди, појаснија од СВР – Велес.

Пилата била одземена, известен бил јавен обвинител. По документирање на настанот, како што потенцираа од СВР – Велес, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

25.08.2025 - 16:20

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега