Макрон: Израелските напади врз болницата во Газа не можат да се толерираат

 

Францускиот претседател Емануел Макрон со остра осуда за израелскиот напад врз болница во Газа кој резултираше со смрт на цивили и петмина новинари. За Макрон, ова е неприфатливо.

На платформата X напиша дека цивилите и новинарите мора да бидат заштитени во сите околности. 

„Медиумите мора да можат слободно и независно да ја извршуваат својата мисија да известуваат за конфликти“, рече Макрон, повикувајќи го Израел да го почитува меѓународното право.

Тој истакна дека целта е да се постигне траен прекин на огнот во Појасот Газа, ослободување на сите преостанати заложници што ги држи Хамас и разоружување на таа палестинска милитантна група, како и испорака на хуманитарна помош во Газа.

Палестинските здравствени претставници објавија дека најмалку 20 лица се убиени во израелскиот напад врз болницата Насер, вклучувајќи пет новинари, спасувачи и здравствени работници, пренесува Танјуг.

25.08.2025 - 21:56

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега