ВМРО-ДПМНЕ: Љупчо Дон Николовски трошел пари за хотели, како од дрво да ги берел

Љупчо Дон Николовски со народни пари плаќа 500 евра за една вечер во хотел, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

СДС раскалашено се однесувале со народните пари.

На патување во САД, во Њу Јорк Дон Николовски изнајмил хотел, каде од вечер платил 500 евра, а во Чикаго 450 евра.

Дон Николовски не гледал како да помине по скромно, туку не штедел како парите да ги берел од дрво, заборавајќи дека всушност тоа се народни пари.

Во Рим Дон Николовски платил 300 евра хотелско сместување, а со Виена две вечери за 670 евра.

Дон Николовски живеел на висока нога со народни пари.

СДС наместо да работи за народот 7 години се луксузирале со нивните пари, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

21.09.2024 - 10:43

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега