СДСМ: Мицкоски му дели задачи на Орце како што ѝ делеше и на Арсовска

 

СДСМ обвини дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, го повторува истиот модел од минатото, сега преку Орце Ѓорѓиевски. Од партијата велат дека „Мицкоски му дели задачи на Орце како што ѝ делеше и на Арсовска“.

„Скопјани добро се сеќаваат: кога Мицкоски и Арсовска делеа задачи и бизниси, заедно ветуваа бесплатен превоз и 100 нови електрични автобуси, па дури и фабрика за нивно производство. Наместо тоа, градот го заглавија во хаос,“ соопштија од СДСМ.

Од таму додаваат дека и со новата комбинација, граѓаните може да очекуваат „нови разочарувања, нов хаос и нови бизнис-договори на грбот на скопјани“.

 

„Скопје заслужува повеќе – вистински визионерски пристап и искрени политики, а не нова Арсовска по диктат на Мицкоски,“ порачаа од партијата.

25.08.2025 - 11:18

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега