ВИДЕО: ДУИ се обиде да му направи герила на Мицкоски во Собранието - сите им се смееја
Пратениците на ДУИ се обидоа да му направат герила акција на Премиерот Мицкоски па додека зборуваше на говорницата во Собранието одговарајќи на пратеничко прашање поставено од нивниот координатор Блерим Беџети.
Неколкумина пратеници од ДУИ држеа транспаренти пред Мицкоски.
Во тој момент, тој ја повика јавноста да види кои се луѓето кои се грижат за тоа дали Македонија била поблиску до Русија или до Европската Унија и САД што изнуди смеење меѓу останатите пратеници.
Пратениците на ДУИ се повлекоа на своите места.
31.10.2024 - 13:57
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа