Апасиев до Мицкоски: Се надевам не сте поднапиен
„Вашата фрустрација од тоа што сте татино синче и асистенче што Ве буткале цел живот, си ја извадивте на говорница. Се надевав дека ќе го задржите нивото, но гледам дека сакате ,ад хоминем'. Нашиот левичарски карактер е да ги презираме преварантите како вас Кога веќе сакавте кукавички да си ја извадите вашата фрустрација, се надевам не сте поднапиен во овој момент, сакам дополнително да ве прашам: Како со обична професорска плата стигнавте до саат од 60 илјади евра, којшто кошта колку станот во којшто јас живеам?“, го праша лидерот на Левица, Димитар Апасиев премиерот Христијан Мицкоски.
„И дали е вистина дека планирате вашата сестра да ја вработите како доцентка на УГД, на Фармацевскиот факултет?
Како успеавте со ваков вичен и правичен адвокат до Вас да го изгубите спорот со Левица? Јас ја разбирам Вашата фрустрација од тоа што не можете како за СДС, да извадите и за нас дека сме имале фирми во Сингапур, ваму, таму и сега ќе ни кажувате, одел Апасиев на одмор во Халкидики. Да! Оди. Оти е средна класа Апасиев не живее од хидроцентрали како тебе. Апасиев живее од професорска плата.
Ништо не одговоривте. Педантно и хирушки прецизно вашата квази-патриотска бугарофилска партија го брише името Македонија, без обврска од Преспанскиот договор!“, кажа Апасиев на собраниската говорница.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа