Драма пред кафана во Струга: Го нападнале со остри предмети, итно пренесен во болница

 

Две лица со остри предмети нападнале лице од струшко Велешта пред кафана. 

-Вчера во 13:43 часот, во ОВР Струга е пријавено дека пред угостителски објект во Струга, две лица со остри предмети го нападнале Д.Н. од струшкото село Велешта, нанесувајќи му убодни рани по телото. Тој, веднаш бил префрлен во Општата болница во Струга за укажување на медицинска помош. Увид на местото на извршиле јавен обвинител и полициски екипи и по целосно расчистување на настанот, против напаѓачите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

17.08.2025 - 15:17

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега