Мицкоски до ДУИ: Да не почнам да вадам СМС пораки - баравте пола од тоа што го доби Вреди
Господине Блерим Беџети дали сакате да ги покажам СМС пораките во кои високи функционери на ДУИ изразуваат подготвеност да прифатат и пола од тоа што коалицијата „Вреди“ го доби во Владата само за да останат на власт, го праша Премиерот Мицкоски координаторот на пратеничката група на ДУИ, Блерим Беџети откако тој претходно обвини дека неговата Влада немала етнички легитимитет.
„Јас можам да ви покажам СМС пораки од високи членови на вашата политичка партија како ми праќаат пораки дека тоа што „Вреди“, нашиот коалиционен партнер го има во Владата, пола е доволно за ДУИ само за да влезе во Владата. Да Ви покажам и такви СМС пораки ако сакате“ – праша Мицкоски
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа