Петрушевски: ДУИ демонтирана - командантите стојат мирно пред Мицкоски
Денес “големите команданти” Муса Џафери и Садула Дураки стоеја мирно пред премиерот Христијан Мицкоски, држејќи банерчиња во раце, пишува на ФБ пратеникот Бране Петрушевски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, откако претходно денеска пратениците од ДУИ излегоа со транспаренти додека Мицкоски беше на говорница.
„ДУИ е демонтирано и од нив повеќе ништо не зависи“, дополнува Петрушевски во објавата на ФБ.
31.10.2024 - 17:40
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа