Трамп ја вжештува трговската војна - Царините за Канада, Мексико и Кина стапуваат во сила од сабота
Американските царини за Канада, Мексико и Кина стапуваат на сила во сабота, потврди портпаролката на Белата куќа, Каролина Ливит, демантирајќи ги претходните извештаи за одложување.
Претседателот Трамп најави дека овие царини ќе стапат на сила на 1-ви февруари, со цел да ги принуди овие земји да го запрат нелегалниот прилив на мигранти и дрога, особено фентанил.
Канада и Мексико ветија дека ќе одговорат соодветно, додека Кина предупреди на трговска војна без победници. Детали за одговорот на ЕУ се уште не се објавени.
Најавените царини се:
-25% за Канада и Мексико
-10% за Кина
31.01.2025 - 23:56
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа