Драма на Клиника: Прегазениот пешак избегал - претходно и возачот кој го прегази избега

 


МВР денеска информираше дека во 13.54 часот на бул.„Кузман Јосифоски-Питу“ во Скопје патничко возило „цитроен“ удрило во машко лице, по што го напуштило местото на настанот.

Повредениот пешак бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Повредениот пешак по укажаната медицинска помош заминал самоиницијативно без дозвола, и без да го информира персоналот велат од ТОАРИЛУЦ, пренесе Телма.

 

31.01.2025 - 23:08

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега