Мицкоски: Очекувам убедлива победа на локалните избори
Во интервју за Дојче веле говореше премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Премиерот се осврна на претстојните локални избори и истакна дека очекува убедлива победа, како и дека победата ќе значи пред сè одговорност и ќе биде заснована на работа.
„Таквата победа за нас е пред сè одговорност и ќе биде заснована на нашата работа. Имаме година без ниту еден скандал во локалната самоуправа, со многу вратени стари долгови во општините што беа блокирани, со многу почнати нови проекти, но и еден поинаков однос кон решенијата – проблеми што се решаваат заедно со граѓаните“, рече Мицкоски.
Мицкоски додаде дека градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ се секогаш достапни за народот, ги решаваат проблемите на граѓаните и се вистински избор за заедничка иднина.
„Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ можете да ги видите по парковите, градилиштата, маалата, улиците – достапни за народот. Очи в очи да разговарате, да дебатирате, да критикувате. Знам дека не може да се решат сите проблеми, ниту тоа сме ветиле, но затоа се трудиме со сите сили да решиме што е можно повеќе и да не заборавиме ниту за миг сè што ветивме. Сево ова постигнато во услови на тешка економска и политичка криза, на грчевита борба и опструкции од централната власт. Затоа верувам дека овие луѓе се вистинскиот избор за заедничката иднина“, истакна премиерот Мицкоски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа