Парното поскапува, цените повисоки уште од утре
Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски денеска соопшти дека парното поскапува за 5,03 проценти.
Како причина за поскапувањето Бислимоски го наведе зголемувањето на цената на природниот гас на светските берзи и намаленото производство на ТЕ-ТО кое наместо 60 отсто учествувало со 51 отсто во производството на топлинска енергија.
Според него, со новата цена оние кои плаќале сметка за парно од 2.100 денари, во иднина ќе ги чини 2.200 денари.
Новите цени стапуваат на сила од утре, први февруари.
31.01.2025 - 17:10
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа