Струмичанец осуден за трговија со луѓе избегал од затвор - полицијата го најде

 


Вчера во 21.15 часот во село Банско, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода И.Р.(52) од село Банско, кој бил баран со потерница поради бегство од Затвор Штип.

И.П. е осуден на затворска казна во траење од пет години и пет месеци за сторено кривично дело „трговија со луѓе“, а имал за доиздржување три години и четири месеци. Лицето било спроведено во Казнено-поправна установа Затвор Штип.

13.11.2024 - 11:12

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега