Ѓорѓиевски: Владата презема конкретни мерки за справување со загадувањето
Во вечерашната емисија „За или против“ на Алфа ТВ гостуваше градоначалник на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски кој зборуваше за круцијалното прашање кое ги засега граѓаните, а тоа е загадениот воздух и посочи дека се најавени мерки од страна на Владата за решавање на проблемот.
Градоначалникот Ѓорѓиевски објасни дека овој проблем со загадувањето на воздухот не е од сега туку години наназад, исто така и дека претходната власт не се залагала да најде решение за проблемот и не само за овој туку и за многубројни други проблеми, туку покажала тотална незаинтересираност за граѓаните и за општеството во целина, со непреземање на никакви чекори, односно со стоење во место и развлекување на проблемот со загадувањето до ден денес.
„Сегашната опозиција СДСМ ви текнува дека во даден момент оставија обувки пред владата младите ќе ги враќаа во државата. а не само што не ги вратија туку и се доиселија младите од државата, исто е и околу загадувањето, они седум години поминаа во хибернација целосно имаа нивни градоначалници имаа апсолутна власт не помрднаа од мртва точка“, изјави Ѓорѓиевски.
Исто така тој посочи дека на народот му е кристално јасно што се случувало во Македонија изминатите години, дека се свесни за неуспехот на претходната власт за состојбата во која е донесена државата, а тоа го покажуваат и резултатите кои ги нема на виделина од нивното седумгодишно владеење.
„До пред неколку месеци тие беа апсолутна власт во државата седум години по ред и вие после седум години хибернација и не помрднување на работите од мртва точка да излезете и да кажете сега владата е виновна и ние треба од владата да побараме преку ноќ да го исчисти воздухот. Така да парадоксални се нивните обвинувања ,сметам дека не ги земаат во предвид ниту нивните членови, претпоставувам дека се борат да излезат на телевизија нешто да кажат но очајно е ова што го прават и повторно ќе кажам дека не верувам дека некој верува во нешто што они ќе го кажат “,посочи Ѓорѓиевски.
Ѓорѓиевски наведе дека Владата има сериозен пристап во однос на загадувањето и тој проблем не може да се реши преку ноќ ,дека детално ќе се образложи и систематски ќе се решава па и во таа насока одат работите со сериозноста која ја поседува оваа Влада и со преземањето на конкретни чекори и сет мерки кои ќе донесат позитивни резултати.
„Прво никогаш, никаде во било која изјава премиерот Христијан Мицкоски како лидер на нашата политичка партија на мојата политичка партија, но и како сериозен политичар, најсериозен во нашата држава во понова македонска историја никогаш не дал ветување дека преку ноќ ќе го исчисти воздухот, но секогаш кажувал дека систематски треба да се решава овој проблем, и гледаме во пракса, кој премиер досега излегол со сет мерки и начин на како што ќе се работи во перспектива за да се надмине овој проблем, никој, никој ете биле од разни политички провиниенци години наназад никој досега не излегол со таков сериозен пристап како што тоа го прави Христијан Мицкоски, повторно ќе кажам не само за загадувањето за сите прашања сериозни коишто го засегаат нашето население нашите сограѓани нашиот народ“, заклучи Ѓорѓиевски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа