Избувнал пожар во детската градинка „Калинка“ во населбата Железара
Вчера наутро, во детската градинка „Калинка“ во населбата Железара, избувнал пожар во кујната, пренесе Фактор. Поради настанатата ситуација, родителите на децата биле веднаш известени да не ги носат своите деца во градинката.
Пожарот избил во кујната, поточно бојлерот кој бил во кујната, а автоматските осигурувачи спречиле да дојде до поголемо ширење на пожарот и имало само чад. Во текот на вчерашниот ден се чистел инвертарот на целата градинка.
До родителите подоцна пристигнала уште една порака во која им се укажува доколку можат, денес и утре да ги остават децата дома, а оние што мора да ги однесат во градинка, тоа да го направат во објектот Мимоза, каде е лоцирана и управната зграда на градинката во Автокоманда. На користење им била отстапена занимална, се до санирање на настанатите штети.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа