(ВИДЕО) Те молам дај ми знак: Сопругот со солзи ја моли да се врати - се уште ја нема Лидија од Јурумлери
Се уште се трага по исчезнатата Лидија Трајковска од скопско Јурумлери. Сопругот на исчезната Лидија, Свето Трајковски моли за помош за било каква информација. Вели дека немам никаква причина за да неговата сопруга исчезне, пренесе ТВ 24.
Последен пат била забележана на камери во 5 часот наутро во петокот на автобуска постојка во село Јурумлери.
„Душо моја, срце мое, кај и да си дај ми еден позитивен сигнал дека си жива. Прати ни нешто, барем некој сигнал, прати ни абер. Ти не би направила ништо за да не уништи нас. Нашите ќерки, јас, те очекуваме. Дај ни барем еден сигнал – јави се од некаде. Нашата надеж уште постои. Ти си жива и ќе бидеш жива, ние ќе го продолжиме животот јави се каде и да си душо моја“, вели Свето Трајковски, сопруг на исчезнатата Лидија Трајковска.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа