Канада ќе обезбеди воена помош за Украина во вредност од 1,5 милијарди американски долари

 

Канада објави нов пакет одбранбена помош за Украина во вкупна вредност од две милијарди канадски долари (околу 1,5 милијарди американски долари), изјави канадскиот премиер Марк Карни пред средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски на маргините на самитот на Г7.

Карни рече дека Канада ќе обезбеди дополнителна воена помош, вклучувајќи беспилотни летала, хеликоптери и разни видови муниција, а директната воена помош за Украина ќе достигне вкупна вредност од над 2 милијарди канадски долари.

Канадскиот премиер, исто така, рече дека Канада значително ги проширува санкциите против Русија.

17.06.2025 - 23:07

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега