Почина српскиот „крал на шеќерот“- ѝ беше најголема љубов на пејачката Наташа Беквалац
Почина Миодраг Костиќ, српски тајкун и еден од најбогатите луѓе во регионот. Костиќ почина денеска, 13 ноември, соопшти компанијата МК Груп, чиј основач и претседател беше Костиќ.
Костиќ, познат во јавноста како „српскиот шеќерен крал“, почина на 65-годишна возраст.
-Со голема тага ве известуваме дека почина Миодраг Костиќ, основачот и претседател на МК Груп, кој во текот на својата 40-годишна активна професионална кариера го создаде еден од најголемите деловни системи во регионот, што го заслужи меѓународниот статус на еден од највлијателните лидери и најуспешни претприемачи во Југоисточна Европа, се наведува меѓу другото во соопштението на компанијата.
Костиќ пред пет години се повлече од чело на компанијата, а раководните должности му ги препушти на синот Александар Костиќ, потпретседател на МК Груп и претседател на Управниот одбор на АИК банка.
Инаку, покрај својата успешна претприемачка кариера, Костиќ ѝ беше познат на јавноста и по својата љубовна врска со пејачката Наташа Беквалац, која траеше четири години. Иако Беквалац има три брака зад себе, таа никогаш не ја заборави младешката љубов со Костиќ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа