Му рекле да стопира, не ги послушал: Прилепчанец прегазил полицајци
СВР Битола поднесе кривична пријава против Д.К. (39) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување на службено лице при вршење на работи од безбедноста“.
На 12.07.2024 на крстосница на ул. „Прилепски бранители“ и бул. „Гоце Делчев“, пријавениот не застанал на знак за запирање, по што со возилото кое го управувал удрил полициски службеници додека извршувале службени дејствија и им нанел повреди.
13.11.2024 - 18:06
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа