СДСМ: Глас за Пендаровски е глас за сигурна европска иднина

 


СДСМ го има победничкиот кандидат за претседател и СДСМ го има победничкиот тим за новата проевропска Влада, стои во соопштението на СДСМ.

„Глас за Стево Пендаровски е глас за сигурна европска иднина, подобра иднина за сите, од која нема откажување.

Глас за Пендаровски е глас за европска Македонија, за Македонија со подобар животен стандард, со повисоки плати и пензии, силна економија, развиено земјоделство.

Граѓаните заслужуваат европски животен стандард, просперитетна и развиена држава, во која функционира демократијата, владеењето на право, социјалната правда.

Затоа на претстојните избори граѓаните ќе дадат силна поддршка за Пендаровски.

Граѓаните ќе кажат ДА за сигурна европска иднина“, велат од СДСМ.

14.03.2024 - 09:05

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега