Руските медиуми: Украинците урнаа мост во Курск и отсекоа околу 30 населени места

Украинските вооружени сили го уништија мостот на реката Сејм во областа Курск во Русија, објави рускиот портал „Маш“. За уривањето на мостот извести и руската државна новинска агенција ТАСС.

Маш пишува дека Украинците пукале на мостот со американски Химарси и дека загинале доброволци од т.н. Народна Република Донецк.

Еден проектил погодил минибус кој бил на мостот. Двајца мажи загинале, додека третиот е ранет.

Вториот удар уништил дел од мостот, па дел од областа Глушковски е отсечена од остатокот од Русија. Маш пишува дека жителите на околу 30 населени места сега можат да бидат евакуирани само со чамци.

Претходно руското Министерство за одбрана на Телеграм објави дека руските системи за противвоздушна одбрана одбиле напад на мостот на Крим синоќа.

„Непријателот ја таргетираше областа со 12 оперативно-тактички ракети ATACMS од американско производство“, соопшти руското Министерство.

16.08.2024 - 22:54

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега