Газа: Загина фудбалер, неговата сопруга и нивните четири деца

Катастрофална вест доаѓа од Појасот Газа каде и понатаму се случуваат страшни напади, а во еден таков напад животот го загуби и еден фудбалер, но и целото семејство. Како што јави руската новинска агенција РИА, за време на бомбардирањето на Појасот Газа загинал фудбалерот Хамди Лубад.

Според информациите на новинарот Абубакар Абед, пренесени од руската новинска агенција РИА Новости, Хамди Лубад, неговата сопруга, како и нивните четири деца загинале при израелското бомбардирање, кога бомба паднала врз стан во Појасот Газа.

– Лубад е дури 303. фудбалер кој загина во овие бомбашки напади – истакна новинската агенција.

11.09.2024 - 22:29

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега