Судијата Лазар Нанев 95 пати зборувал на телефон со обвинет во случај кој сам го водел

Судскиот совет на денешната седница расправаше по повод поднесено барање за барање одговорност од судијата Лазар Нанев од Основниот суд во Кавадарци.

Судскиот совет утврди дека Нанев имал дури 95 повици со обвинет, по што било побарано негово изземање од предметот, меѓутоа на крајот донел пресуда.

„Судијата не смеел да има едноставна комуникација со обвинетиот кој е една од страните во постапката. Конкретно телефонската комуникација покажува на единствен можен заклучок а тоа е прекршување на законската обврска за непристрасно применување на правото во смисла на член 3, ал. 1 од Законот за судовите.

Предлагам на расправата да се изведат доказите, а тоа се листинзи од телефонска комуникација на судијата Лазар Нанев, барање за изземање по предметот К. 204/20 на судијата Нанев од страна на основниот јавниот обвинител Елизебета Мишева Јорданова од ОЈО Кавадарци, која барала Нанев да биде изземен од постапување поради овие телефонски јавувања, записот од главната расправа од овој предмет и пресудата“.

Во завршен збор, Димовска изјави дека останува во целост на барањето за покренување постапка за утврдување одговорност на судијата Лазар Нанев.

11.09.2024 - 15:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега