Пуштен е во употреба реконструираниот пат Понов мост-Богданци

 

Покрај сите оние проекти коишто навистина прилично амбициозно и успешно ги работи Министерството за транспорт и ЈПДП, можам да напоменам дека во моментот со завршување на вториот повик за аплицирање на проекти коишто ќе ги финансираме од државниот буџет, а се однесуваат на единиците на локална самоуправа, општините, плус оние коишто беа од првиот повик вкупно ќе имаме околу 1.200 градилишта, нешто што не се случило никогаш до сега во независна Македонија, одеднаш на 1.200 точки да се работи нешто, што е многу важно, рече премиерот Мицкоски на денешното пуштање во употреба на реконструираниот пат Понов мост-Богданци.

-И кога на сето тоа ќе ги додадеме и сите овие проекти коишто се завршуваат, отпочнуваат а коишто надвор од оваа програма ги финансира Владата и јавните претпријатија и акционерските друштва во сопственост на државата, доаѓаме до импресивна бројка од 1.500, нешто коешто навистина претставува реткост и сега имаме навистина тука еден би рекол исклучително чуден случај, пример како сакате да го наречеме дали нашата градежна оператива сето ова ќе може одеднашка да го совлада и да го изработи. На сметка на ова ќе имаме еден состанок во Стопанската комора во петок заедно со господата позади мене и со претставниците на Стопанската комора и градежната комора каде што ќе разговараме да направиме еден план една динамика, затоа што ние сакаме што е можно повеќе македонски градежни компании, македонска градежна оператива да ги исполни обврските поврзани со сите овие градилишта за коишто претходно зборував, рече премиерот.

22.06.2025 - 13:17

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега