Мицкоски: Ги користам сите контакти за да им ја раскажам македонска вистина

 
Имав телефонски разговор со премиерот на Република Хрватска, Andrej Plenković. Во пресрет на извештајот на Европскиот парламент, продолжувам да ги користам сите контакти за да ја раскажам македонската вистина - за нашиот напредок, за вредностите што ги браниме и за иднината што ја заслужуваме.
Хрватска е докажан пријател на нашата држава, а нејзината гласна поддршка во клучни моменти претставува голем поттик и охрабрување за сите нас.
Македонија заслужува членство во Европската унија, но со крената глава, напиша на ФБ премиерот Мицкоски.

21.06.2025 - 14:15

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега