Мицкоски: СДСМ ја понижи и ја клекна државата на колена

 

СДСМ ќе ја брендира својата партија, а со тоа и самиот настан како „Понижена Македонија“. Јас мислам дека конечно Фројд во полно светло работи во опозициската СДСМ, вели премиерот Христијан Мицкоски.

-Таму, претпоставувам, има неколкумина кои имаат силно чувство развиено на стокхолмски синдром, кога жртвата се вљубува во ловецот, па така и тие од СДСМ, политичката партија која ја понижи и ја клекна на колена, ја опустоши и разграби Македонија, денес зборува за понижена Македонија. Не, напротив! Македонија денеска полека, но сигурно станува горда. Сето она кое го работевме изминатава година беа затворања на дупки и исплати на она кое го наследивме од овие кои ја понижија Македонија, тоа се СДСМ и ДУИ. Исплаќавме пензии, неисплатени плати кои не ги предвиделе, субвенции за земјоделците. Тоа не беше пречка да не постигнеме и историски договор со просветните и здравствените работници, да реализираме проекти кои тие не успеаја да ги реализираат, да почнеме нови проекти, 1200-1500 градилишта наскоро ќе имаме низ цела територија. Ние оваа година го правевме тоа кое што тие го понижија, украдоа, омаловажија, да го исправиме, рече Мицкоски.

Премиерот рече дека штетата е огромна и дека има уште многу работа, но важно е дека надежта и гордоста кај граѓаните  на Македонија се враќа.

22.06.2025 - 13:08

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега