Потоп во Македонија: Каде наврна најмногу дожд?
Најмногу дожд изминатите 24 часа наврнало во Куманово 52 литри на метар квадратен.
Како што соопшти УХМР, 26 литри на метар квадратен наврнало во Битола, 16 во Виница и Попова Шапка, 13 во Велес, 11 во Демир Капија и Крива Паланка, 10 во Берово и Скопје – Зајчев Рид, 9 во Гевгелија и Штип, 8 во Тетово и Кавадарци, 7 во Крушево, 6 во Претор, 3 во Прилеп, Струмица и Маврови Анови, 2 во Охрид и Лазарополе и 1 литар на метар квадратен во Дебар.
Времето до крајот на денот ќе биде променливо облачно претпладне со повремени врнежи од дожд и со локална појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе достигне од 18 до 26 степени.
Во Скопје променливо облачно, претпладне со повремен дожд, а попладне со сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 25 степени.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа