Филипче: Мицкоски лаже, последно излажа за Балансерот

Укинувањето на балансерот е уште една голема лага на ВМРО ДПМНЕ и на ЗНАМ, изјави денеска во Струмица претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање во врска најавите за укинување на балансерот.

„Тоа е една голема лага на ВМРО ДПМНЕ и Христијан Мицкоски, на ЗНАМ и на Максим Димитриевски. За жал клекнаа на колена и го погазија даденото ветување. Тоа беше навистина една голема лага за време на кампањата, т.н. „Горда Македонија“, во која што ќе ги кратеа правата, функциите и инструментите кои што ги имаат Албанците. Со таа силна кампања тие добија огромна поддршка и дојдоа на власт“, изјави претседателот на СДСМ, Филипче, додавајќи дека сега кога луѓето ја сфаќаат вистината, кога ВМРО ДПМНЕ и ЗНАМ ги газат сите свои ветувања, луѓето се чувствуваат понижени и разочарани, затоа што сфаќаат дека биле излажани

11.09.2024 - 17:09

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега