Исмаил: ДПМНЕ коленичи пред албанскиот блок - повлечен Законот за интонирање на химната во средните училишта
Владата на ДПМНЕ го повлече Предлог законот за средно образование со кој се предвидуваше почетокот на учебната година да започнува со интонирање на химната!, напиша на својот Фејсбук профил Реџеп Исмаил од Левица.
Ако ви кажат дека го повлекле пошто одредени парламентарни групи го блокирале, не им верувајте, лажат. Затоа што блокирање со новиот Деловник не е можно, можно е само да се одолговлечи 5-6 дена. Пример ви е расправата за актот со кој Власта си отвори место за трет директор на царина, кој Левица го одолговлечи 3-4 дена за да се и формира јавноста и да направи притисок, истакна Исмаил.
„Па дури и тогаш, претседателот на ЗКП од ДПМНЕ за 15 мин ги отфрли нашите амандмани и го прекрши Деловник за што доби соодветна кривична пријава.
П.С. Предлогот на овој Закон предвидува интонирање на химната само доколку за тоа има одлука од локалната власт. Левица на ова поднесе амандман кој предвидува химната да се интонира во сите училишта задолжително, без разлика на желбите и ставот на локалната власт“, посочи Исмаил.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа