Петрушевски: Љупчо Дон Николовски овозможил незаконска исплата од 485.000 евра на мајката на газдата на НИКОБ, близок до Заев и Филипче
Љупчо Дон Николовски, наместо како министер во влада, додека бил на позиција се однесувал како мафијашки дон. За Дон Николовски не важеле законите, туку партиската припадност, истакна пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.
Љупчо Дон Николовски ја злоупотребил својата позиција континуирано во период од неколку години и на фирма блиска до СДС исплаќал милионски субвенции без основ.
Имено Љупчо Дон Николовски склучил низа договори со фирмата Арекспорт од Струмица за давање под закуп на државно земјоделско земјиште со површина од 1.416 хектари, рече Петрушевски.
„Да, 1.416 хектари за фирма од Струмица, зад истата таа фирма стои Митра Лазарова, мајка на Кирил Лазаров, газда на НИКОБ, главен тендераџија на СДС, од ЕВН, преку град Скопје и до Влада до приватни лаборатории во време на Ковид пандемијата кои ги отвори во време на Венко Филипче.
Семејството Лазарови се најблиски пријатели со Зоран Заев и Венко Филипче. Главни стожери на СДС. Тоа било доволна причина за Љупчо Дон Николовски да испумпува милиони на сметката на Арекспорт без никаков основ, но да почнеме со ред.
Фирмата Арекспорт склучила долгогодишен договор за закуп со МЗШВ под превезот дека земјиштето ќе го насади со лозов насад.
Наместо лозов насад стотици хектари се користеле за сеење на едногодишни култури, спротивно на договорот за закуп, а уште толку се давале на други лица да ги работат, односно не биле обработувани од фирмата закупец.
Неискористувањето на земјиштето за намената за која што е склучен договорот е основ за раскинување, но до тоа не дошло затоа што наместо по закон Дон Николовски работел по партискиот кодекс“, посочи Петрушевски.
Петрушевски нагласи дека фирмата на семејството газди на НИКОБ заради тоа што Дон Николовски не им го раскинал договорот, иако за тоа бил должен да го направи, инкасирале 485.000 евра за субвенции, кои немале право да ги земаат.
„485.000 евра воопшто не требало да бидат исплатени затоа што фирмата на семејството газди на НИКОБ не само што не го испочитувале договорот во делот на насадот кој се обврзале да го засадат, туку и не платиле закупнина за земјиштето 2 години по ред.
Арескпорт не платиле закупнина во висина од 30.000 евра, за 2022 и 2023 година. Љупчо Дон Николовски, и покрај тоа што неплаќањето на закупнина е основ за раскинување на договорот, тоа не го направил и со тоа овозможил нелегална исплата на субвенции.
Презентиравме два основа според кои Љупчо Дон Николовски имал право и обврска да го раскине договорот, и тоа не го направил. Зошто Дон Николовски не го раскинал договорот и дали и каков интерес имал?
Дон Николовски е фатен инфлагранти во криминал. Дон Николовски треба да одговара.
Утре ќе презентираме нови докази, за тоа дека Дон Николовски можел да го раскине договорот со фирмата на семејството газди на НИКОБ и тоа не го сторил, а овозможил исплата на субвенции и го оштетил буџетот“, потенцираше Петрушевски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа