Натпревар за класична гитара од денеска до 26 мај
Град Скопје и Детскиот културен центар „Карпош“ од денеска до 26 мај организираат меѓународен фестивал за класична гитара „Тремоло П.С. Гитар фест“. По четврти пат ќе се одржи и натпревар за класична гитара во категории за ученици и студенти.
Настапите ќе ги оценува жири кое е составено од познати гитаристи - Дарко Багески и Александар Крстановски од Македонија, Џевдет Сахатџија и Антонио Руменовиќ од Хрватска, Дарко Карајиќ и Бошко Радојковиќ од Србија и Стела Динкова од Бугарија.
Победниците на натпреварот ќе добијат награди, а скопската публика ќе има можност да посети три концерти во Културно информативниот центар вечерва и во следните два дена, со почеток во 20 часот.