Беше во бегство 22 години, стоеше зад „нелегална воена единица" - Кој е командант Бреза?

 

По 22 години бегство, Хамди Бајрамовски, познат во јавноста како командант Бреза од селото Брест, беше фатен и уапсен во скопската населба Ченто.

Тој беше баран по потерници за издржување казна затвор од пет години за сторено кривично дело „разбојништво“ по член 237 од Кривичниот законик и затворска казна од шест години за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ по член 215, како и за повеќе истраги за повеќе сторени кривични дела со мерка притвор по член 396, член 123 став 1 и став 3, член 396, член 158 и член 237 од Кривичниот законик.

Тој на јавноста и е познат како лице кое стоеше зад „нелегална воена единица". Името на Бајрамовски го привлече вниманието на јавноста и во 2005 година, кога при претрес во негов дом беа пронајдени огромна количина оружје – минофрлачи, гранати за РПГ, униформи, тенковски гранати и над 300.000 куршуми. 

Според податоците од МВР, командант Бреза е однесен Казнено – поправната установа Затвор Скопје за издржување на казната од 11 години затвор.

04.06.2025 - 08:36

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега