Од Клиничкиот центар во Белград отпуштени последните два пациента повредени во пожарот во „Пулс“
Последните два пациента повредени во пожарот во дискотеката во Кочани денеска беа отпуштени од Универзитетскиот клинички центар во Белград.
Се работи за Ангела Бошковска (24) и за Андреј Георгиев (23) кои пладнево ја напуштија Клиниката за пластична и реконструктивна реконструкција при УКЦС, јави дописникот на МИА од Белград.
Третманот на нивните повреди ќе продолжи во нашата држава.
06.06.2025 - 13:28
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа