Герасимовски: Со комунални редари ќе го вратиме редот во општините

 


Градоначалникот Горан Герасимовски, потенцира дека со измените на Законот за локална самоуправа што предвидува вметнување на комунални редари ќе се дадат поголеми ингеренции на општините и ќе се врати редот и мирот.

„Во делот на измените на законот за локална самоуправа го поздравувам делот за вметнување комунални редари – нешто за кое зборуваме со години наназад. Ние дури говоревме за комунална полиција, а сега гледаме дека ќе биде вметнато како комунални редари кои би имале поголеми ингеренции низ општините. Првично, како што сме информирани, тоа ќе биде пилот-проект на територијата на Град Скопје. Го поздравувам тој чекор, за да го вратиме мирот и редот. Тие ќе бидат задолжени во делот на неправилно паркирање, гласна музика, дивоградби, урбана опрема. Добро би било да имаме поголем број на комунални редари кои конечно ќе ни помогнат за да направиме ред во општините“, рече Герасимовски.

04.06.2025 - 15:45

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега