Мисајловски во Брисел: Подготовки за НАТО Самитот и поддршка за Украина

 


Во пресрет на претстојниот Самит на лидери на НАТО закажан за 24 и 25 јуни, министерот за одбрана Владо Мисајловски денес и утре престојува во Брисел каде ќе учествува на состанокот на министри за одбрана на земјите членки на НАТО.

Утрешниот министерски состанок е продолжение на подготовките за Самитот на НАТО и на истиот е предвидено да се разговара за новите Цели на способност во насока на зајакнување на одвраќањето и одбраната, зголемување на инвестициите наменети за одбрана, поддршката за Украина и нуклеарно одвраќање.

Попладнево министерот Мисајловски ќе учествува на 28от состанок на Контакт групата за Украина, кој се одржува во организација на секретарот за одбрана на Обединетото Кралство, Џон Хејли и министерот за одбрана на Сојузна Република Германија, Борис Писториус.

04.06.2025 - 15:37

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега