Мечот Македонија-Белгија со слободен влез за децата од Детска лига и училишен фудбал
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ќе овозможи бесплатен влез на источната трибина на Националната арена “Тодор Проески” за сите деца кои учествуваа на финалниот турнир во Детска лига и во проектот за училишен фудбал „Ајде на фудбал“, на престојниот натпревар меѓу Македонија и Белгија.
Одлуката, на иницијатива на претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ доаѓа како признание за трудот и ентузијазмот на повеќе од 2000 деца од 96 екипи што беа дел од финалниот турнир во Детска лига и близу 1000 деца од основните училишта, дел од проектот “Ајде на фудбал”.
-Преку оваа иницијатива, испраќаме порака за поддршка на младите таленти и уште повеќе да ја поттикнеме љубовта кон фудбалот и ентузијазмот на најмладите за македонските национални селекции, вели Омерагиќ.
Источната трибина ќе биде резервирана за сите млади фудбалери, не само како публика, туку како иднината на македонскиот фудбал.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа