Сузбиен нелегален превоз на дрва: Полицијата приведе две лица

 


Регионалниот центар за гранични работи Исток расчисти случаи на кражба на огревно дрво и незаконски транспорт на дрва.

Вчера околу 08.30 часот на регионалниот пат Струмица-Берово, кај место викано „Осмиците“, полициски службеници го приведоа А.С. од с.Старо Балдовци, струмичко. Тој е затекнат како во патничко возило „фолксваген шаран“ со бугарски национални ознаки врши утовар на огревно дрво за кое не поседувал никаква документација. Возилото и дрвата се одземени и предадени на шумска полиција за понатамошна постапка.

Во 14:20 часот на 2 јуни регионалниот пат Берово-Струмица, на место викано „Суви Лаки“, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Пехчево го лишија од слобода В.Џ. (1967) од с.Двориште, беровско. При извршена контрола на товарно моторно возило „рено“ со беровски регистарски ознаки, кое го управувал, утврдено е дека во возилото вторпат во ист ден се превезува дрвна маса со иста испратница.

За настанот е известен јавен обвинител, а по преземени мерки идентификувано е лице во Струмица кај кое била пренесена дрвната маса. Дрвата и возило се одземени и предадени на Шумска полиција.

По целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

04.06.2025 - 16:29

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега