„Трето полувреме“ се закити со награда во Аталанта

Филмот „Трето полувреме” на режисерот и сценарист Дарко Митревски ја освои наградата од публиката за најдобар филм на 14-тиот Еврејски филмски фестивал во Аталанта.

Филмот досега учествуваше на фестивали во САД, Кина, Русија, Австрија, Чешка Република, Полска, Канада, а се продаде во Франција, Тајван, Кина, Јужна Кореја, Австралија и во Нов Зеланд.

„Трето полувреме” премиерно беше прикажан за отворањето на 33. Интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во септември 2012 година. Филмот беше и македонски кандидат за Оскар од неанглиско говорно подрачје. 

22.04.2014 - 10:35

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега