Лоцирана поранешната ограда околу Владата - рѓосала

„Денес Владата ја задолжи Службата за заеднички и општи работи да ја врати оградата која беше поставена околу владината зграда, но насилно извадена од страна на претходната власт и заменета со дотраени полициски огради наменети за разбивање на граѓански собири.
Оградата е лоцирана и истата е во незавидна состојба, што може да се види и од фотографиите. Она што е посебно фрапантно е акутната негрижа кон државниот имот“, напиша на социјалните мрежи Ивица Томовски, новиот директор на СОЗР.
„СОЗР ќе направи напори со сопствени сили да ја стави оградата на нејзиното вистинско место во најкус период“.

02.07.2024 - 17:35

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега