Андоновски: Над 20 нови дигитални услуги за граѓаните во првите 100 дена

 

Еден од начините како да ја намалиме корупцијата е процесот на дигитална трансформација на Македонија, истакна на Македонско радио, министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски. 

"Корупцијата е распротената дури и на најниското ниво кај службениците, кои им се "нудат" на граѓаните да им завршат работа, а за возврат да добијат некоја сума на пари. Ова мора да престане, бидејќи граѓаните треба да ги добиваат услугите во најбрз можен рок, а не да чекаат со денови, недели, па дури и месеци за да добијат документ кој што го побарале", изјави Андоновски.

Министерот Андоновски, напомена дека веќе нема да има чекање редици на шалтери, давање "црни" пари на службениците за вадење на извод на родени и слично, туку граѓаните преку своите мобилни уреди ќе можат преку дигиталната алатка "услуги", да ги добијат своите документи кои им се потребни. 

"Системот кој што е потребен за да функционира сето ова е целосно разрушен.  Граѓаните ги гледаат проблемите, но и ние како ново министерство, воочуваме дека има доста проблеми. Затоа, во првите 100 дена, ќе создадеме нови 20 дигитални услуги, од кои 10 ќе бидат за бизнис секторот, а 10 ќе бидат за граѓаните. Како што напоменавме и пред изборите, ние ќе бидеме Влада која што ќе биде слуга на граѓаните", потенцираше Андоновски.

02.07.2024 - 17:28

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега