(ВИДЕО) Еди Рама на гости кај Албанецот кој го симна македонското знаме од Голем Кораб

Премиерот на Албанија, Еди Рама денеска го посетил ресторанот на Изет Шулку, планинарот којшто викендов го тргна македонското знаме од врвот Голем Кораб, па го закачи албанското.

Веста за посетата на Рама, ја објави самиот Шулку на социјалната мрежа Фејсбук. 

Ви благодарам што дојдовте во Дебар, но не си заминавте пред да го посетите ресторанот Изети. Тој си замина со насмевка и среќен откако виде каква работа е завршена во Дебар, напиша Шулку на својот ФБ профил, објавувајќи фотографии од посетата на Рама во неговиот ресторан.

За потсетување, денеска македонските планинари експресно се искачија на највисокиот врв Голем Кораб, па така денеска повторно се вее македонското знаме. 

Од Министерството за внатрешни работи се уште не откриваат детали за случајот, само потврдија дека сторителот на делото не е македонски државјанин. 

 

02.07.2024 - 19:54

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега