БЕСА: Средба со Тошковски за изнаоѓање решение за проблемите со редиците на гранични премини
Во координација со министерот за внатрешни работи - Панче Тошковски (по информирањето на седницата на Владата), за да се најде решение за проблемите поврзани со бескрајните редици создадени на граничните премини, се одлучи:
- Итно да се обезбедат услови (средства), кои ќе ги оспособат граничните премини со опремата кои електронски ќе ги внесаат податоците...
- Отворање на две „линии“, кои ќе се користат исклучиво за иселениците во сезоните на нивното доаѓање во татковината.
- Посебно постапување со иселениците, овозможувајќи леснотии во постапките за идентификација.
- Итни состаноци на прекуграничните тела со Косово и Србија, за спроведување на интегрираниот систем (заедничко верификација на документацијата), за да се избегнат гужвите.
- Приоритет останува граничната премини Табановце и Блаца, места кои се фрекуентирани од иселениците за време на нивните одмори.
*ПС: Со посебен акцент беше дискутирано борбата против криминалците, кои го доведоа општеството во ниво да ја напушти државата, стои во соопштението на БЕСА испратено до медиумите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа