Пожар кај кванташки пазар, огнот ги зафатил и куќите

На Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во во Центаро за управување со кризи (ЦУК) се добиени повеќе пријави за штети и информации за опасности за граѓаните и околината, настанати од невремето во Скопје, што зафати дел од градот. За сите пријавени случувања и итни случаи на 112, преку Секторот за операции и координација во ЦУК се известуваат и координираат надлежните служби од општините и Град Скопје за постапување по пријавите за штети и опасности.

За сега билансот, според прводобиените пријави и информации на 112 во ЦУК е следен: дрвја паднати 16; возила оштетени 3 кабли; откачени од бандери 7; откачени и оштетени кровови 3 и повредени 1.

Дел од пријавите се:

-добиена е пријава за паднато дрво врз жена на улицата, во близина на пекара Пастел на Локација: Булевар Свети Климент Охридски, 66, Скопје. Известени се ИМП и Полиција за натамошна постапка.

-паднато големо дрво од непознат вид врз бандера со кабли од струја кои искрат во моментот во населба Сопиште. Нема материјални штети во моментот. Нема повредени лица.

-скинат кабел од бандера на улица Gjorgji Kapchev 19, 4, Skopje -4 паднати дрва поради невремето , локација Воен базен на патот према касарната.

-пријава за пожар од спој на жици од електрична енергија,гори сува трева и камион. Локација ДСМ- Ортопедика населба Карпош.

-пријава за откачен лим од приватна куќа, постои опасност да падне и да повреди . Локација: Улица Јуриј Гагарин 4, Скопје, Козле

-пријава за откачен лим од приватна куќа, постои опасност да падне и да повреди . Локација: Улица Јуриј Гагарин 4, Скопје, Козле

-пријава за навалено големо дрво каде преставува опасност да падне во паркот каде има малолетници. Локација: Улица Јуриј Гагарин 4,бр.55, Скопје за паднато дрво на улицата по која движат возила. Локација: Улица 12-та Македонска Бригада, Скопје

- пријава за паднато дрво врз патничко моторно возило марка Сузуки. Локација: Булевар Видое Смилевски - Бато, Скопје -пријава за паднат кабел од невремето во уличката кај влез на паркинг на УКИМ.

-пријава за дрво кое што е закачено до на бандера со кабли од струја и за кое постои опасност да падне врз гаража во близина.Во моментот нема регистрирани материјални штети или повредени лица.

-пријава за неработење на семафори на дадената адреса, се создал голем метеж во сообраќајот. Локација: Булевар 3-та Македонска Бригада, 68, Скопје

- пријава за скршена липа и падната е на орев. Локација: Улица Душан Тасковиќ 42 Скопје

-пријава за пожар кај кванташки пазар, огнот ги зафатил и куќите

02.07.2024 - 17:04

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега