"Нема да се откажеме од својата историја и идентитет" - отворено писмо од „Македонски манифест“ до Венизелос
Граѓанската организација „Македонски манифест“ пред престојната посета на заменик-премиерот и министер за надворешни работи на Грција Евангелос Венизелос на Република Македонија упати писмо до него.
- Вашата земја е таа која ги присвојува античкото македонско наследство, феникиската, семитската и други источни култури повеќе од 2.000 години за да го изгради митот на Елада како лулка на европската цивилизација, не Македонија. Уште во 19 век познатиот германски балканолог Јакоб Фалмерајер изјави дека Грците немаат ниту култура, ниту идентитет, нивното елинско потекло е само бајка: „Во жилите на населението на денешна Грција не тече ниту една капка елинистичка крв“. Но, ние нема да ве прашаме за вашето потекло. Свежи се сведоштвата за геноцидот што го направи вашата земја врз Македонци, а тие ѕверства ги надминуваат монструозните дела на фашизмот. И не случајно денес вашата земја ја има најголемата фашистичка партија во Европа, се вели во писмото од „Македонски манифест“ до Венизелос.
Во писмото се додава дека немаат право да и судат на Македонија „кога во вашите музеи, со пари на Европа, држите украдени македонски артефакти“. - Вие окупиравте 51 процент од македонската етничка територија, ги избришавте македонските топоними кои опстануваа и во времето на Римската, Византиската и на Османлиската империја, а викате по Република Македонија – „држете го крадецот“!, се истакнува во писмото од „Македонски манифест“.
Се посочува дека Македонскиот народ нема да се откаже од својата исконска историја и идентитет.
- Тоа,едноставно, не можеме да ви го отстапиме. А со злото, политичката хистерија, паранојата и подбуцнувањето на омраза и расизам, добрососедство е невозможно. Од ваша страна, не од наша. Вашите историски синдроми ја загрозуваат иднината на ЕУ. Македонија ќе го продолжи својот пат кој се потпира на меѓународното право и на општоприфатените универзални принципи. И ќе успее. Вашата политика од 19. век ќе заврши на буништето на историјата. Ќе остане само големиот историски срам и за вашата земја, и за ЕУ, се истакнува во писмото од „Македонски манифест“ упатено во пресрет на посетата на Венизелос.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа