Центар отвора врати за практиканти: 15.000 денари месечно за студенти
„Со јавниот повик за практиканство сакаме да привлечеме што повеќе студенти и апсолвенти коишто се наши жители на Центар, да ни се приклучат во тимот на општината и преку волонтирање и практиканство да стекнат одредени знаења и навики. Им отвораме врата и можности за понатамошно останување и работење во општината“. Ова денеска го потенцираше градоначалникот Горан Герасимовски во утринската програма „Македонија наутро“ на МРТ.
Практиканството почнува од 1 јуни 2025 година, вкупно ќе бидат избрани осум практиканти кои ќе имаат можност шест месеци да работат во општината со месечен надоместок во висина од 15.000 денари нето.
Герасимовски верува дека ќе има голема заинтересираност во следните шест месеци младите да имаат можност што повеќе да научат во делот на општинското работење.
Јавниот повик е отворен од 19 до 29 мај, а право на пријавување имаат студенти и апсолвенти од државни, приватни или меѓународни универзитети кои се жители на Општина Центар.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа